фото jannonivergall / pixabay

Пораснал бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 103.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст од 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.8 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 3.7 % и Капитални производи за 18.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за
4.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 101.6.

Можеби ќе ве интересира...

24-ти април и 8-ми мај 2024 ќе бидат неработни денови само оваа година, еве и зошто

BiznisPRO

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

BiznisPRO

Нов раст на пензиите од следната година

BiznisPRO