Паѓаат цените на нафтата: Најниска сума во последните три недели

Цените на нафтата денеска паднаа на најниско ниво во последните три недели поради стравувањата од прекини во снабдувањето и зголемениот број на коронавируси во Кина.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот „брент“ од Северното Море е пониска за 7,89 долари или 7,3 отсто и сега изнесува 99,01 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 7,97 долари или 7,7 отсто на 95,04 долари за барел.

Остриот пад на цената на нафтата уследи по изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во која се наведува дека Москва е за што поскоро обновување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година.

Разговорите за обновување на договорот, што може да доведе до укинување на санкциите на Иран и да му овозможи на Техеран да продолжи да извезува сурова нафта, неодамна беа во застој поради барањата на Русија.

Можеби ќе ве интересира...

Европските и американските берзански индекси во пораст, нафтата, златото и пченицата поскапеа

BiznisPRO

Со имиња објавени граѓани и фирми кои должат за данок – УЈП објави долга листа на должници на данок

BiznisPRO

Макпетрол: Цените на природен гас и метан за декември намалени

BiznisPRO