Ангеловска-Бежоска: Контролата на менувачниците на терен е засилена за да се спречи шпекулативно однесување

Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката.

-Нема да дозволиме беспотребно ширење паника и креирање фиктивни притисоци на менувачкиот пазар, поради нечии лични интереси и неодговорно однесување. Девизи на пазарот има. Девизните резерви се стабилни и високи и изнесуваат 3,5 милијарди евра. Банките имаат и свои девизи, и вршат менувачка работа. Впрочем секој граѓанин кој сака, може да купи колку сака девизи и во банките, вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулатните кои сакаат да профитираат.

Таа истакнува дека домашната валута е стабилна, но и дека има доволни количини девизи на пазарот доколку некој сака да купи.

Можеби ќе ве интересира...

Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, четврто тримесечје од 2023 година

BiznisPRO

Потпретседателката на ЕИБ Павлова ја поздрави посветеноста на лидерите од Западен Балкан за забрзување на енергетската безбедност и ја потврди поддршката на банката за зелената транзиција на регионот на Самитот на Берлинскиот процес

BiznisPRO

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве кој ќе добие 3.000 денари месечна помош

BiznisPRO