Собранието изгласа – 330 илјади пензионери добиваат нова методологија за раст на пензиите и по 1000 денари следните три месеци

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обебзедува одржлив и континуиран раст на пензиите.

Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година.

Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари.

Со ова законско решение се обезбедува одржливо решение за континуиран раст на пензиите.

Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1.000 денари на својата пензија.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Нема промени на цените на горивата, поскапува екстра-лесното масло за домаќинство

BiznisPRO

БДП пораснал за 0.9 отсто

BiznisPRO

Објавен список со имиња на фирми и луѓе кои должат данок кон УЈП – Целата листа е достапна на интернет

BiznisPRO