РКЕ и денеска ќе ги менува цените на нафтените деривати- дали ќе поскапат горивата?

Два дена по ред цената на нафтата на светските берзи руши рекорди.

Денеска повторно стигна над 110 долари за барел, откако претходните денови имаше ситуации и кога чинеше и под 100 долари за барел. На лондонскиот пазар од утринава се тргува за 109 долари, додека на американскиот пазар чини и 106 долари за барел. Цените драстично се менуваат од минута во минута, а и за период од само една недела се забележуваат огромни промени.

Какви ќе бидат денешните измени на цените на горивата кај нас, РКЕ се уште анализира. Не се знае дали од полноќ граѓаните ќе точат поевтино гориво или повторно ќе има ново зголемување.

Просекот од последните пет дена, заклучно со денешниот се клучни за одредување на цената и тоа според вредноста на готовите горива, а не суровата нафта. Во формулата влегува и курсот на доларот, чија вредност исто така изминативе денови претрпува големи промени.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска на Регионалниот состанок на гувернери на ЈИЕ: Со соодветна монетарна политика, инфлацијата се сведе на 3%, но потребна е внимателност

BiznisPRO

Рекордно зголемување на цените на горивата во Србија

BiznisPRO

АмЧам Трговска мисија – Нов импулс во трговските односи на двете соседни земји

BiznisPRO