Со новиот закон секое домаќинство ќе може да инсталира фотоволтаични системи на својот кров

„Се работи на овозможување на либерализиран пристап да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи. Прво, веќе се подготвува закон со којшто ќе се олесни постапка за инсталирање на фотоволтаични системи на домаќинствата и на индустриските објекти, односно на нивните кровови“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека во план е и да се зголеми моќноста, која во моментов е четири киловати, на шест киловати за домаќинствата, а за деловните објекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лицеца.

„Правиме промени и за да се овозможи дистрибутерите ан електрична енергија да ја преземаат таа енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема електричната енергеија од државниот снабдувач, односно од производител на енергија“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира...

Кога се паѓа Велигден, а кога Бајрам, следуваат многу продолжени викенди – Листа на сите неработни денови во 2023

BiznisPRO

Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

BiznisPRO

Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници

BiznisPRO