Чешка објави тендер за нов нуклеарен реактор – за Русите – забрането

Чешка објави тендер за изградба на нов реактор во нуклеарната централа Дуковани со цел да се зголеми производството на нуклеарна енергија.

Три компании ја поминаа безбедносната проверка: американската Вестингхаус, француската ЕДФ и корејската КХНП и се очекува тие да се натпреваруваат за овој вносен проект.

Проектот, проценет на шест милијарди евра, е најголемата поединечна инвестиција во Чешката Република, рече министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Новиот реактор ќе биде петти во електраната Дуковани и треба да започне со работа до 2036 година. Четири постоечки беа завршени кон крајот на 1980-тите.

На тендерот поради безбедносни причини не можеа да учествуваат руски и кинески компании, меѓу кои и рускиот енергетски гигант Росатом и кинескиот CNG.

Чешкиот премиер Петр Фиала изјави дека учеството на Русија во овој важен проект е „незамисливо“ по руската инвазија на Украина.

Чешка има вкупно шест нуклеарни реактори кои произведуваат повеќе од една третина од електричната енергија во земјата. Покрај четирите во Дуковани, државното електростопанство ЧЕЗ работи со уште два реактори во електраната Темелин.

Можеби ќе ве интересира...

Местото каде што се спојуваат истокот и западот: Ова е најпосетуваниот град во светот во 2023 година

BiznisPRO

Сорос за уметноста на инвестирање: Ако се забавувате со инвестирање, веројатно нема да заработите ништо

BiznisPRO

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР ПАЃААТ ШЕСТИ МЕСЕЦ ПО РЕД, растителното масло поевтини за 6,6 отсто

BiznisPRO