Полиците ширум Европа се празни: Лебот во Италија чини дури 8 евра

Полиците во маркетите во некои европски држава си празни и фалат основни продукти.

Во Милано во моментов еден леб чини и до осум евра за килограм, а супермаркетите се исчистени од тестенини и брашно.

Германските потрошувачи ги испразнија полиците од масло за готвење, поради што малопродажните синџири го ограничија купувањето и предупредија на акумулација на непотребни залихи.

Светските медиуми јавуваат дека паничното купување повторно зафаќа некои европски земји. Како што наведуваат, две години по пандемскиот недостиг, конфликтот во Источна Европа предизвикува нов бран на акумулација на храна. Конфликтот ги зголеми цените на храната на глобално ниво бидејќи Русија и Украина произведуваат огромен дел од светските земјоделски резерви.

Угледниот британски Фајненшл Тајмс цитира податоци од Здружението на индустријата за преработка на маслодајни семиња во Германија дека речиси 90 отсто од лененото семе преработено во ЕУ се увезува.

Според оценката на тоа здружение, конфликтот во Украина најверојатно ќе предизвика недостиг од храна и сточна храна, што ќе биде многу тешко да се замени на краток рок.

Можеби ќе ве интересира...

„Лего“ лани отвори 147 нови продавници: Погледнете колку пораснале приходите на оваа данска компанија

BiznisPRO

Најголемиот светски производител на чипови во неволја?

BiznisPRO

ОПАСНОСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Форд повлече 39.000 возила поради пожар во моторот

BiznisPRO