Најголемиот светски производител на чипови во неволја?

Најголемиот светски производител на чипови, тајванскиот TSMC, објави дека неговиот профит во третиот квартал изнесувал 211 милијарди нови тајвански долари.

Тоа е 6,69 милијарди американски долари и е за 24,87 отсто помала добивка од истиот период лани.

Ова е најголем пад на профитот на TSMC од првиот квартал на 2019 година, пренесува CNBC.

Приходите на TSMC во третиот квартал паднаа за 10,83 отсто на годишно ниво на 546,73 милијарди нови тајвански долари, или 17,28 милијарди американски долари.

Главната причина за овој пад е слабиот интерес на клиентите за потрошувачка електроника.

И покрај лошите резултати, TSMC ги ревидираше нагоре очекувањата за приходите во четвртиот квартал на помеѓу 18,8 и 19,6 милијарди долари.

TSMC е најголемиот производител на најнапредните процесори во светот кој произведува полупроводници за компании како Apple или Nvidia.

Можеби ќе ве интересира...

Рекордни цени и инфлација: Белгијците не можат да издвојат пари за основните потреби

BiznisPRO

ЗАШТЕДА СО ЕДЕН ПОТЕГ: Со оваа постапка Џозеф Безос за две години ќе инкасира околу 610 милиони долари

BiznisPRO

„Брако“ го отвори и пазарот во Египет за „Грин Машинс“ возилата

BiznisPRO