ЗАШТЕДА СО ЕДЕН ПОТЕГ: Со оваа постапка Џозеф Безос за две години ќе инкасира околу 610 милиони долари

По триесет години живот во Сиетл, мултимилијардерот Џеф Безос и неговата вереница се преселиле во Мајами. Како што пренесува „Гардијан“, овој потег може да значи 600 милиони долари даночни заштеди за Безос.

Имено, сојузната држава Вашингтон, каде што се наоѓа Сиетл, во 2022 година го зголеми данокот на капиталната добивка од продажбата на акции и обврзници во вредност од над 250 илјади долари на 7 отсто.

Сепак, државата Флорида нема данок на капитална добивка.

Како што пренесува „CNBC“, Безос од 1998 година заработил милијарди долари со продажба на акции на Амазон. Овие пари биле наменети за неговите филантропски зафати, но и за аеронаутичката компанија Blue Origin како и за неговата мега јахта која наводно чинела 500 милиони долари.

Кога почна да се применува новиот данок во државата Вашингтон, Безос престана да ги продава акциите на Амазон и не продаде ниту една акција во текот на целата 2022 и 2023 година, пишува понатаму „Гардијан“.

На крајот на минатата година и неговата преселба во Мајами, Безос најави дека планира да продаде 50 милиони акции до крајот на јануари 2025 година. Се проценува дека оваа продажба, според моменталната вредност на акциите, би можела да биде вредна 8,7 милијарди долари.

Само минатата недела, Безос продаде акции на Амазон во вредност од 2 милијарди долари и заштеди 140 милиони долари поради данокот без капитална добивка на Флорида.

Се проценува дека поради ова олеснување во следните две години ќе заштедат уште 610 милиони долари.

Медиумите пренесуваат дека самото преселување во Мајами не било евтино – Безос потрошил 147 милиони долари на две вили во ексклузивната населба Индијан Крик, каде што живеат едни од најбогатите луѓе во Америка, пренесува „Телеграф“.

Можеби ќе ве интересира...

Големо откритие за Кина среде море

BiznisPRO

Зошто ни е потребен одмор за време на работа: Постои точно време од денот кога правиме најмногу грешки на работа

BiznisPRO

МЕТОД стар 100 ГОДИНИ – Јапонците знаат како да штедат, а ние можеме да научиме од нив како да управуваме со парите од месец во месец

BiznisPRO