Од 29 март исплата на мартовските пензии зголемени за илјада денари

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари.

Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Следува исплата на “Мој ДДВ” – Познато е кога ќе тргне исплатата

BiznisPRO

Вкупните депозити во март се намалиле за 1,7 отсто, кредитите и натаму во пораст

BiznisPRO

Во март следува нов раст на пензиите

BiznisPRO