Значително падна цената на нафтата по напредокот во преговорите меѓу Русија и Украина

Цените на нафтата паднаа под 106 долари поради знаци на напредок во разговорите меѓу Русија и Украина, што може да ги ублажи проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за Ковид-19.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 6,51 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 105,97 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 8,17 долари.

На американскиот пазар денеска се тргуваше за 6,41 долари за барел, по 99,55 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 7,94 долари.

Трговците вчера беа загрижени за строгите мерки за борба против Ковид-19 во Шангај, што ја погоди побарувачката за гориво во Кина, најголемиот увозник во светот.

Можеби ќе ве интересира...

Лоша вест: Поскапуваат горивата за 3 денари од литар, ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

BiznisPRO

Граѓаните се ослободуваат од печките на пелети, огласниците полни – цената стигна над 320 денари за вреќа

BiznisPRO

Инвестирање во обновливи извори на енергија: Хрватска ја доби НАЈГОЛЕМАТА СОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА во Европа

BiznisPRO