Сè има цена: Ова се НАЈСКАПИТЕ и НАЈЕВТИНИТЕ градови за живеење во 2022 година

Животот во градот во денешно време може да биде многу скап. Има кирија, сметки, јавен превоз, но и храна и пијалоци, а сето тоа од некаде треба да се плати.

Сепак, како противтежа на сето ова треба да има различни придобивки и можности кои ги даваат истите градови.

И дали таа врска се исплати на крајот? Се зависи од тоа кои се вашите потреби и желби во животот и колку компромиси сте спремни да направите.

Односот на цените постојано се менува во градовите, поради што луѓето од сајтот Time Out направија анкета меѓу своите читатели во која беа прашани дали градот во кој живеат би го опишале како скап.

Врз основа на коментарите, направена е листа на најевтините и најскапите градови за живеење во светот. Најевтин е Манчестер, за кој само 10% од луѓето изјавиле дека е прескап, а потоа следат Јоханесбург, Будимпешта и Монтреал со по 17%. Следат Санкт Петербург со 18 отсто и Прага со 24 отсто.

Најевтини градови за живеење:
Манчестер, Јоханесбург, Будимпешта, Монтреал, Санкт Петербург, Прага, Порто, Рим, Мексико Сити, Бангкок

Кога станува збор за најскапите градови, дури 99 отсто од луѓето рекле дека Цирих е прескап, додека 87 отсто за Тел Авив, а 86 за Лос Анџелес и Париз.

Најскапите градови за живеење:
Цирих, Тел Авив, Лос Анџелес, Париз, Лондон, Милано, Њујорк, Сан Франциско, Хонг Конг, Бостон

Можеби ќе ве интересира...

Природните катастрофи предизвикаа 95 милијарди долари загуби во 2023 година

BiznisPRO

Извештајот на ОН предвидува глобално забавување на економскиот раст во 2024 година

BiznisPRO

НОВИ КРАТЕЊА: Фолксваген отпушта работници, околу 2.000 луѓе ќе останат без работа

BiznisPRO