Заработија 3 милијарди долари: Нафтените компании во голем плус од почетокот на војната во Украина

Нафтените компании оствариле профит од околу три милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот објавен од Гринпис, пренесува порталот ЕУ Обсервер.

Помеѓу јануари и март, цените на суровата нафта се зголемија за околу 19,38 центи по литар, што ги натера активистите да бараат даноци на неочекуваните добивки и истраги за потенцијално местење на цените, според извештајот на Гринпис објавен во четвртокот.

Посочуваат дека е неопходно да се забрза зазеленувањето на транспортниот сектор за да се намали зависноста од нафтата од Русија.

Набљудувајќи ги берзите во претходниот квартал, доминираа и нафтените компании.

И покрај просечните негативни движења во првите три месеци од годинава, енергетскиот сектор во просек бележи раст од речиси 40 проценти. Акциите на нафтениот гигант „Оксидентал петролеум“, чија цена е речиси двојно зголемена, моментално изнесуваат 57 долари.

Патем, пред две добри години акциите вредеа само околу 10 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Сметките за парно ќе доцнат

BiznisPRO

Инвеститорите го повлекуваат златото од благајните на германските берзи

BiznisPRO

Предложени мерки за штедење: Германија ги ограничува цените на бензинот за компаниите и домаќинствата

BiznisPRO