На 12 мај во Скопје ќе се одржи првата домашна конференција за фриленсери

На 12 мај, со почеток од 9 часот, во Мериот Хотел во Скопје ќе се одржи првата македонска конференција за „фриленсери“.

Целта на “1st Freelance Conference” е да го поддржи дополнителниот развој на „фриленс“ еко-системот, да одговори на најважните прашања со кои се соочуваат активните чинители во фриленс-заедницата и дополнително да мотивира активно вклучување во глобалната фриленс економија.

Конференцијата се организира како дел од RECONOMY програмата – регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Impact Foundation и други организации во Источното партнерство и Западен Балкан.

Навистина сме среќни што за прв пат ќе имаме можност на едно место да ја собереме домашната freelance заедница и претставниците на најважните чинители кои се тесно поврзани со нивното функционирање, да поставиме прашања, да споделиме искуства и на крај да излеземе со повеќе знаења што ќе донесат еден дополнителен boost во севкупниот развој на фриленс еко-системот” – велат организаторите.

Во фокусот на овогодинешната конференција ќе бидат четири водечки теми: „Законски и административни предизвици во градењето на кариера во фриленсинг“; „Социјални права на здравствено и пензиско осигурување за фриленсерите“; „Трендови за дигитални вештини на пазарот на труд“ и „Вклучување на разнородни социјални групи во фриленсинг“. Исто така ќе биде организиран и панел со успешни домашни фриленсери кои со присутните ќе ги споделат своите приказни и искуства во нивната лична фриленсерска „експедиција“.

Присуството на “1st Freelance Conference” е бесплатно, но поради ограничениот број на места, потребна е претходна регистрација преку формата на овој ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира...

Ова се новите цени на горивата од полноќ

BiznisPRO

Виталиа го проширува своето глобално присуство со нова продавница во Казабланка, Мароко

BiznisPRO

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

BiznisPRO