Македонија меѓу земјите со најевтини горива во регионот и Европа

Цените на еуросупер 95 и на еуродизелот во Црна Гора се пониски од просекот во регионот, покажуваат податоците на Билтенот на Министерството за капитални инвестиции на оваа земја.

Според податоците од новиот Билтен за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,64 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,94 евра, Хрватска 1,87 евра, Босна и Херцеговина (БиХ) 1,65 евра, Србија 1,57 евра и Северна Македонија 1,54 евра.

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Унгарија, 1,24 евра, а најскапите жители на Данска за 2,41 евро! Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,57 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,95 евра, БиХ 1,84 евра, Хрватска 1,81 евро, Србија 1,76 евра и Северна Македонија 1,4 евра.

Најскап еуродизел во Европа граѓаните на Шведска плаќаат 2,27 евра, а најевтините жители на Малта 1,21 евро.

На неделно ниво Министерството ги објавува основните податоци поврзани со малопродажбата на нафтени деривати, односно споредбените цени на горивата во регионот и Европа.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

BiznisPRO

Од денеска нови цени на горивата – Дизелот достигна 82 денари

BiznisPRO

Регулаторна донесе одлука: Цените на горивата остануваат исти – еве по колку ќе се точи бензинот и дизелот

BiznisPRO