Пет илјади странци подготвени за македонска плата да ги пополнат празните работни места

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна неодамна претседателот на ТУК, Аркан Керим, кој сподели и проценка дека реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решени постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска за Денот на штедењето: Депозитите на граѓаните се показател за високата доверба во банките и денарот

BiznisPRO

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, декември 2023 година

BiznisPRO

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти

BiznisPRO