Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, декември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски на месечно ниво за 0.9 %, а на годишно ниво за 5.1 %.

Во декември 2023, во споредба со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %.

Во декември 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 22.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Од 29 март исплата на мартовските пензии зголемени за илјада денари

BiznisPRO

ОКТА: Резултатите од првиот квартал покажуваат силна прилагодена профитабилност

BiznisPRO

Зголемен бројот на странските туристи во октомври

BiznisPRO