ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

АД ЕСМ вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh.

„ АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети.

Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12.10.2022 година за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Макстил-Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Макстил-Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас“ соопшти Владата.

Можеби ќе ве интересира...

ФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем

BiznisPRO

Оддржана констутивна седница на НАТТА

BiznisPRO

Забрзување на процесот на декарбонизација за чиста економија преку поголема соработка и поврзување

BiznisPRO