Со имиња објавени граѓани и фирми кои должат за данок – УЈП објави долга листа на должници на данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

Повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Листата на должници е објавена на сајтот на УЈП, и може да ја проверите на ОВОЈ ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира...

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

BiznisPRO

Во септември ново покачување на пензиите, а познато е кога ќе тргне исплатата за овој месец

BiznisPRO

Панел дискусија во рамки на „ЕУ за општините“: Дигитализацијата на општинско ниво овозможува подобри услуги за граѓаните

BiznisPRO