Убава вест: Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 % и достигна 31.871 денари

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

Можеби ќе ве интересира...

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %

BiznisPRO

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

BiznisPRO

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Познат е точниот датум кога тргнува исплатата на помошта за пензионерите и социјално загрозените категории на граѓани!

BiznisPRO