Драстичнo намалување: Среќна вест за дел од возачите

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за ноември ќе се намали за 500 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за октомври оваа година, соопшти денеска „Макпетрол“ АД Скопје.

Од АД Макпетрол воедно информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на нивните бензински станици се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм.

Новата цена ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар.

Можеби ќе ве интересира...

Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно

BiznisPRO

ЌЕ ПОСКАПАТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ: Цената на нафтата „брент“ за првпат годинава е 80 долари за барел поради конфликтот во Црвеното Море

BiznisPRO

Кичевчанец и кочанчанец добиле стотици илјади евра на игрите на среќа, а еве ги најсреќните 10 луѓе во Македонија!

BiznisPRO