Владата одлучи да продолжи да ги субвенционира сметките за парно греење во Скопје

Според владината одлука, мерката за субвенционирање на сметките за парно греење во Скопје ќе важи се до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Владата на денешната седница, меѓу другото, одлучи да го продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење на домаќинствата на подрачјето на Град Скопје. Според одлуката, оваа мерка ќе важи сè до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Оваа одлука, велат од Владата, има за цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија.

„Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија – ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на Gрадот Скопје“,велат од Владата.

Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на системот за централно греење на кој грејната сезона трае од 15 октомври до 30 април.

Можеби ќе ве интересира...

Преку украинска територија: Гаспром нормално продолжува да испорачува гас за Европа

BiznisPRO

Дали треба денес да се посети менувачница: Девизен курс – Колку денес изнесува доларот, а колку еврото?

BiznisPRO

Откриено уште едно големо наоѓалиште на литиум

BiznisPRO