Вклучување во живо од С.Р. Германија: ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ

Станува збор за онлајн настан во рамките на Глобалната недела на претприемништво, реализирана од Стартап Македонија. ГНП е програма на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира зголемување на дијалогот меѓу општествените чинители, оваа година на темите поврзани со: образование, инклузивност, креирање на јавни политики за подобрување на претприемништвото, како и градење на партнерства во рамки на екосистемот за поттикнување на развојот на претприемништвото.

Говорници ќе бидат:
1. Д-р Бриџит Спилман, член на Деканската управа на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје; тренер и предавач по меѓународен Cross Culture Coaching за бизниси и деловни луѓе;
Претставници од Државниот универзитет за соработка во Баден-Виртемберг (DHBW) – првата високообразовна институција во Германија која ги интегрира академските студии со обуката на работното место:
2. Проф. Кеј Вајлдинг, почесен декан на студии по електротехника на DHBW-Mannheim и меѓународен академски советник; и
3. Торге Фишер, консултант за образование и меѓународни соработки.
4. Кала Дренковска, матурантка од гимназијата „Орце Николов“ во Скопје

Модератор: Теодора Бошкова, директор на Односи со јавност и комуникации, ХАЈДЕЛБЕРГ Институт Скопје

Главниот фокус на настанот ќе биде ставен на претставување на моделот на германско дуално високо образование и неговата имплементација во нашата држава. Хајделберг Факултет во Скопје е првата високообразовна институција од овој тип за земјите од Западен Балкан, која ќе им ги отвори вратите на младите кон професионалниот и академски бизнис свет.

Од следната академска година 2023/24, оваа високообразовна установа со уникатен пристап ќе ја интегрира теоријата со праксата, по примерот на државниот дуален универзитет од Манхајм и под нивно менторство и вклучување со програми, образовен кадар (50% од професорите на Факултетот), евалуација и екстерно тестирање за гаранција на квалитетот и дуалноста на студиите. Воедно, планирани се теренски посети, екскурзија и студентски размени, како и финални активности за докомплетирање на едукативните процеси и стекнување на државна германска диплома, покрај македонската, со 210 ЕКТС.

Преку додипломските студии за:
„Бизнис администрација: Банкарство, финансии и контролинг“;
„Софтверско инженерство: Дата и компјутерски науки“; и
„Мехатроника“,

90 матуранти ќе ја имаат можноста додека студираат да учат и работат со ментори-практичари со долгогодишно работно искуство во индустријата, да следат академска настава и да работат во компании кои ќе инвестираат во нив и нивната иднина.

Понеделник, 14 ноември, со почеток од 20 часот, се вклучуваме во живо од С.Р. Германија, да разговараме на тема: „ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ“

Место на одржување: пренос во живо на Facebook.

Можеби ќе ве интересира...

Американските стопански комори обединети за подобрување на регионалното бизнис опкружување

BiznisPRO

Се променија цените на горивата: Македонија и натаму меѓу земјите со најевтини горива во Европа

BiznisPRO

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

BiznisPRO