Банкрот на една од најголемите платформи за тргување со криптовалути

Една од најголемите платформи за тргување со криптовалути FTX прогласи банкрот во САД, а нејзиниот директор и основач Сем Бенкман-Фрид поднесе оставка.

Стечајот доаѓа откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX.

Како што објави SEEbiz, FTX Group објави дека поднела барање за стечај и дека започнала „уреден процес на ревизија и ликвидација во корист на сите глобални повереници“.

Барањето е поднесено според Поглавјето 11, што е американски механизам кој дозволува компанијата да ги реструктуира своите долгови под судски надзор додека продолжува да работи.

Бенкман-Фрида веќе е заменет на чело на компанијата од Џон Џеј Реј.

Во изјавата, тој рече дека процесот на стечај во Поглавјето 11 ќе и овозможи на групата да ја процени својата позиција.

Можеби ќе ве интересира...

Преку украинска територија: Гаспром нормално продолжува да испорачува гас за Европа

BiznisPRO

Безос го зазеде второто место на врвот на листата на милијардери, Маск и понатаму е прв

BiznisPRO

Природните катастрофи предизвикаа 95 милијарди долари загуби во 2023 година

BiznisPRO