Мерките вродија со плод: Од утре леб и за 32 денари

Од утре дел од пекарите ќе го продаваат лебот и за 32 денари по парче.

Се очекува намалување и на останатите пекарски производи за 10-15%. Во следниот период ќе поевтини и месото.

Ова доаѓа откако владата одлучи да им даде субвенционирана струја на 200 компании од секторот за прехрана.

Цената на прехранбените производи која вивна изминативе месеци поради светската криза ќе се стабилизира и со драстичното намалување на цените на горивата кои од 115 денари се спуштија на помалку од 86 денари за литар.

Можеби ќе ве интересира...

ТРГНА ИСПЛАТАТА: Пензионери, проверете ги сметките!

BiznisPRO

Нови предуслови за вработување во Германија

BiznisPRO

Работодавците од Македонија можат многу да научат од овој пример: Келнер заработил 17.000 евра за еден месец без бакшиш, еве како

BiznisPRO