УЈП со голема заштеда на струја

Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 %, помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани, дури 53% помалку струја во септември оваа година, во споредба со септември лани.

Управата за јавни приходи низ целата држава, функционира со вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, ја оствари оваа заштеда на електрична енергија. Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална институција, заедно со нејзините вработени, целосно ги почитуваат и применуваат владините препораки за домаќинско и одговорно однесување кон потрошувачката на електричната енергија, со што придонесуваат да не се нарушува сервисната функција на институцијата и таквата пракса ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување на глобалната економска и енергетска криза.

Преку одговорното однесување, сите заедно, солидарно и рационално, обезбедуваме ресурси и зачувување на комфорот за периодот на постудените месеци, кои допрва доаѓаат.

Можеби ќе ве интересира...

Покачување на минималната плата, покачување на пензиите, мерки за помош на граѓаните – Што да очекуваме во 2024 година?

BiznisPRO

Нова цена на горивата во Македонија – Нафтата на светските берзи паѓа

BiznisPRO

Wizz Air нуди до 25% попуст на летовите низ својата мрежа

BiznisPRO