Лидл отвора уште еден вид продавница во Србија

По пет години успешен бизнис во Србија, Лидл Србија планира да се прошири со концептот на City store.

Концептот Lidl City доаѓа и на српскиот пазар. Од Лидл најавија дека се планира отворање продавница која ќе работи според концептот City. Првиот објект од овој тип се планира да биде дел од деловниот дел „Сава центар“ и ќе биде прилагоден на неговите специфики. Вкупната продажна површина ќе изнесува 1.400 метри квадратни.

Компанијата ќе продолжи со експанзијата на српскиот пазар со отворање на првата продавница за малопродажба на Златибор. Лидл Србија нуди ист избор на внимателно одбран асортиман и уникатно шопинг искуство на сите локации.

Денес, Лидл е еден од водечките синџири за малопродажба на храна во Европа. Работи во 32 земји со повеќе од 12.200 продавници и околу 220 логистички центри. Лидл ги отвори своите први продавници во Србија во 2018 година и моментално има 67 продавници во 38 градови низ земјата.

Можеби ќе ве интересира...

(ФОТО) Ова е новото лого на Подравка – Новиот визуелен идентитет за уште посилен исчекор на светскиот пазар

BiznisPRO

Банките мораа да вратат милиони српски динари на корисниците на картички – сето тоа поради огромна интернет измама

BiznisPRO

Малопродажниот синџир ја зголеми платата на сите работници за 10 отсто: Работната недела беше укината пред три години

BiznisPRO