Државата воведува ограничување на попустите, трговците протестираат: „Цунами на нетрошење“

Французите масовно го ограничуваат купувањето на основните потреби поради високите цени, предупреди денеска директорот на најголемиот трговски синџир Карфур.

Тој ја повика владата да го одложи законот за ограничување на промотивните попусти.

„Гледаме цунами од нетрошење во Франција. Кога основната храна веќе не е достапна, кога луѓето се откажуваат од основните производи, ние мора да направиме нешто“, изјави претседателот и извршен директор на Carrefour, Александре Бомпар за радиото Franceinfo.

Денес, Бомпар, заедно со другите лидери во малопродажниот сектор, треба да се сретне со министерот за финансии Бруно Ле Мер за да разговараат за трошоците за живот. Лидерот на Карфур рече дека од министерот ќе побара „едногодишен мораториум на примената на законот Декрозај“, кој ги ограничува промотивните акции во сегментот на козметички, хигиенски и производи за нега.

Законот е донесен во март годинава и треба да стапи на сила во март 2024 година и да ги ограничи попустите на таа група производи на 34 проценти. Carrefour во моментов може, на пример, да продава прашок за перење со попуст од 60 проценти, рече тој.

Министерот Ле Мер во март доби од 75 клучни производители на храна ветување дека ќе ги намали цените на стотина производи, а денеска изјави дека ќе го зголеми притисокот врз трговците и производителите да ги направат намалувањата уште позначајни. Од 75 водечки прехранбени компании на кои владата им нареди да ги намалат цените, само околу 40 се согласија да го сторат тоа, рече заменик министерот во јули.

„Ние сме на добар пат. Цените паѓаат затоа што интервениравме“

„Ние сме на вистинскиот пат. Цените паѓаат затоа што интервениравме, затоа што извршивме притисок врз трговците и производителите и затоа што ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Ле Мер на новинарите. „Утре се среќавам со трговците, а задутре со производителите… со една единствена цел – да се засили падот на цените“, додаде министерот.

Тој најави и дека ќе побара од нив да ја прошират групата на производи чии цени би можеле да се намалат, а сака и повеќе производители да соработуваат во таа иницијатива. „Сега ги има 35. Мислам дека можеме да натераме повеќе производители да ни се придружат во борбата против високите трошоци за живот“, рече францускиот министер.

Можеби ќе ве интересира...

Новогодишно изненадување од новиот мобилен оператор

BiznisPRO

Ново големо поскапување на дизелот, ова се новите цени на горивата

BiznisPRO

Драстичен скок на цената на нафтата на светските берзи

BiznisPRO