АФПЗРР : Исплатени директните плаќања за одгледувачите на овци, говеда и кози

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информира јавноста дека денеска се реализирани исплатите на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Корисници на директните плаќања за обележани женски грла говеда се земјоделските стопанства кои имаат пријавено женски грла кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 76 милиони денари за 6342 корисници.

2194 огледувачи на овци се исплатени со финансиска поддршка од 191.9 милиони денари. Овие средства се наменети за земјоделски стопанства кои имаат пријавено минимум 30 грла овци постари од 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

За огледувачите на кози е исплатена финансиска поддршка од 15.4 милиони денари со која се опфаќаат 1087 корисници. Основ за добивање на оваа финансиска поддршка се пријавени минимум 10 грла кози кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

Можеби ќе ве интересира...

Драстично паднал бројот на говеда во Македонија

BiznisPRO

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

BiznisPRO

Исплатени 442.6 милиони денари за 9741 лозаропроизводители

BiznisPRO