АФПЗРР : Исплатени субвенциите за 3187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши
исплатата за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања
за претходните три години.

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените
финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во
земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:

– За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари
– За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари
– За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари
– За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари
Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63.5
милиони денари за одобрени 3187 земјоделски стопанства

Можеби ќе ве интересира...

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

BiznisPRO

„Тиквеш“ и лозарите ја развиваат партнерската соработка со цел подобрување на продуктивноста во секторот

BiznisPRO

Собранието го изгласа Законот за рибарство и аквакултура

BiznisPRO