АХВ повлече два производи од рафтовите на маркетите – ако сте ги купиле веднаш вратете ги

Отповикување на небезбеден производ – VIPA Ggrill Chips.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ – VIPA Ggrill Chips поради присуство на акриламид.

Сериски број/лот: LM.
Датум на производство: 23.08.2023
Рок на употреба: 23.05.2024
Производител: PESTOVA LLC Косово
Дистрибутер во РСМ: Аг-Сембол ДООТетово
Оператор со хрaна: ДТУ КИППЕР МАРКЕТ ДОО Тетово

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Повлекување небезбеден производ – БИО КАКАО во прав 200 гр
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ – БИО КАКАО во прав 200 гр, поради присуство на кадмиум над дозволените количини.

Сериски број/лот: 23326
Датум на производство: 23.08.2023
Рок на употреба: 22.05.2025
Произведено во Холандија
Увезено од Смарт Органик Бугарија
Увозник во РСМ ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ Скопје
Оператор со хрaна: ДТГУ ТИНЕКС- МТ ДООЕЛ експорт – импорт Скопје

Увезениот производ НЕ Е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи.

Можеби ќе ве интересира...

Еве ја најплатената професија во Австрија

BiznisPRO

Четврток од 18 часот: Бизнис Кафе со Никола Бубески, Ангелина Блажеска и Филип Петровски

BiznisPRO

Следува исплата на пензиите: Ова се датумите кога ќе легнат парите на пензионерските сметки

BiznisPRO