Американскиот гигант купува ривал за 53 милијарди долари

Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ за 53 милијарди долари ќе го купи помалиот ривал „Хес“, кој се занимава со екстракција на нафта и гас, објавија двете компании во соопштението.

Со аквизицијата, која ќе биде завршена во првата половина на следната година, Шеврон ќе го прошири своето портфолио.

Со купувањето, американскиот гигант ќе ја преземе позицијата на Хес во нафтеното поле на брегот на Гвајана. Малата јужноамериканска земја има најголеми резерви на сурова нафта по глава на жител во светот.

Според проценките, во Гвајана има 11 милијарди барели нафта, а уделот на Шеврон по преземањето е 30 отсто.

Шеврон ќе ја стекне и сопственоста на Хес на проектот за нафта од шкрилци во Северна Дакота и инвестиции во Мексиканскиот залив и Тајланд.

Извршниот директор на Шеврон, Мајк Вирт, е уверен дека купувањето ќе помогне да се зајакнат перформансите на компанијата и да се прошири нејзината понуда.

Минатата година Шеврон оствари рекордна добивка од 35,5 милијарди долари, додека добивката на Хес изнесуваше 2,2 милијарди евра.

Ова е последното во серијата корпоративни спојувања во енергетскиот сектор во САД. Пред неполни две недели Exxon Mobile ја купи компанијата за нафта и гас од шкрилци „Pajonir Natural Resources“ за околу 60 милијарди долари, пренесува „See Biz“.

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓаат празници и голем број на неработни денови – Еве кога ќе одмараме пред и по новогодишните празници!

BiznisPRO

Вработените добиле известување: Маск денеска ќе подели голем број откази во Твитер

BiznisPRO

Добри вести: Поевтинуваат горивата

BiznisPRO