Apple загуби 200 милијарди долари за 2 дена поради одлуката на Кина

Акциите на американската технолошка компанија Apple (Apple) забележаа пад втор ден по информациите дека на вработените во кинеската влада им е забрането да користат iPhone.

Вредноста на компанијата на берзата падна во последните два дена за повеќе од шест отсто или речиси 187 милијарди евра (околу 200 милијарди долари).

Кина е трет по големина пазар на технолошкиот гигант, каде што само минатата година оствари 18 отсто од вкупниот приход, јавува Би-Би-Си.

Во оваа азиска земја, повеќето производи на Apple ги произведува нејзиниот најголем снабдувач, Foxconn.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ пред два дена објави дека Пекинг им наредил на вработените во државните агенции да не носат и користат iPhone додека се на работа, а агенцијата Блумберг наведува дека забраната може да се прошири и на вработените во други државни органи.

Извештаите беа објавени пред претставувањето на iPhone 15, кој треба да биде пуштен во продажба на 12 септември. Кинеската влада се уште не ги коментира овие медиумски извештаи.

Можеби ќе ве интересира...

Големо поскапување на дизелот – од утре литро ќе се точи за 102 денари

BiznisPRO

Голем пораст на цената на гасот во Европа

BiznisPRO

„Голдман Сакс“: Златото е подобра инвестиција од биткоинот

BiznisPRO