Авионите ќе летаат без стјуардеси?

Три синдикати кои ги претставуваат стјуардесите на големите американски авиокомпании протестираат на 30 аеродроми.

Нивните главни барања се зголемување на платите и подобри договори.

Стјуардесите исто така протестираат поради тоа што пилотите добија огромни покачувања на платите минатата година, додека тие работат за плати кои, во некои случаи, не се зголемени со години.

Тие тврдат дека не биле ни наградени за нивната работа за време на пандемијата.

Протестите се организирани од здружението на стјуардеси, кое ги претставува екипажите на Јунајтед ерлајнс и неколку други авиопревозници; потоа синдикатот на екипажот во Америка и Синдикатот на транспортните работници, кој ги претставува екипите на „Југозапад“ и некои други авиокомпании.

Федералниот закон им го отежнува спроведувањето на законските штрајкови на авиокомпаниите, па едно такво барање на стјуардесите во Американ Ерлајнс, чиј синдикат планира повторно да побара можност да закаже штрајк следниот месец, веќе е одбиено.

Можеби ќе ве интересира...

Невработеноста во Италија најниска во последните 16 години

BiznisPRO

Три трговски синџири поднесле барање за стечај: 1.200 луѓе би можеле да останат без работа

BiznisPRO

Падна одлука: Бензинот поскапува, дизелот поевтинува – ова се новите цени на горивата

BiznisPRO