Бонуси до 3.000 евра на работниците поради инфлација

Огромното мнозинство германски компании им исплаќаат бонуси на своите вработени поради инфлацијата.

72 отсто од компаниите веќе го направиле тоа, а уште 16 отсто планираат да го сторат тоа наскоро, објави економскиот институт Ifo.

Малите компании сакаат да ги мотивираат вработените со вакви неоданочени плаќања, додека големите почесто ги даваат по диктат на колективните договори, изјави Дарија Шалер од Ифо.

Секоја друга компанија како причини ги наведе даночните олеснувања или нивната конкурентност на пазарот на трудот. Само 12 отсто од анкетираните компании немаат намера да плаќаат премии.

Работодавачите имаат право да платат до 3.000 евра на вработените од октомври 2022 година до крајот на оваа година поради зголемени цени, без даноци и придонеси.

Можеби ќе ве интересира...

Се очекува дека цената на нафтата на краток рок ќе достигне 100 долари за барел

BiznisPRO

ФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем

BiznisPRO

Повторно промени: Пензиониран на 67 години?

BiznisPRO