Британскиот банкарски гигант го прекинува финансирањето на експлоатација на нафта и гас

Британскиот банкарски гигант Баркли денеска објави дека повеќе нема директно да финансира нови проекти поврзани со експлоатација на нафта и гас.

Тој најави и дека ќе го ограничи кредитирањето на компаниите кои планираат да го прошират производството на фосилни горива.

Според извештајот на еколошката група „Rainforest Action Network“, Баркли беше најголемиот финансиер на секторот за фосилни горива во Европа меѓу 2016 и 2021 година, особено во текот на 2019 и 2020 година, кога оваа сума надмина 27 милијарди евра, додека во 2022 година обезбеди малку помалку од 15 милијарди евра за споменатата намена, пренесе Би-Би-Си.

Оваа банка беше под зголемен притисок, првенствено од еколошки активисти, потоа од индивидуални инвеститори и познати личности, да го намали своето влијание во секторот за фосилни горива.

Затоа, Barclays објави дека повеќе нема директно да финансира проекти за проширување на нафта и гас или поврзана инфраструктура.

Британската банка соопшти дека ќе го прекине директното финансирање на сите проекти за нафта и гас во Амазон и Арктичкиот круг чија цел е извлекување, рафинирање или транспорт на нафта од нафтениот песок.

Можеби ќе ве интересира...

Испораката оди преку Украина „Европските земји сè уште добиваат руски гас, а не во мали количини“

BiznisPRO

Тесла испадна од листата

BiznisPRO

Мајкрософт го прави едно од најголемите купувања во светот на игрите

BiznisPRO