Мајкрософт го прави едно од најголемите купувања во светот на игрите

Британските регулатори го одобрија купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft за 68,7 милијарди долари.

Британската управа за конкуренција и пазари (CMA) одлучи дека договорот може да се реализира откако Microsoft неодамна го реструктуираше договорот за пренос на правата на облак игрите и новите наслови на Activision Blizzard на Ubisoft.

Оваа одлука го отвора патот за затворање на договорот, сега кога британскиот регулатор даде зелено светло.

„CMA одлучи да ѝ даде одобрение на корпорацијата Мајкрософт за стекнување на Activision Blizzard, исклучувајќи ги правата за пренос на облак на Activision надвор од Европската економска област (EEA)“, се вели во соопштението на CMA.

Исто така, CMA го опишува купувањето на Мајкрософт како потег кој „ќе ја промени играта и ќе промовира конкуренција во облак игрите“.

„Со продажбата на правата на Ubisoft, се погриживме Microsoft да не може да држи монопол на овој важен и брзорастечки пазар“, рече Сара Кардел, извршен директор на CMA.

„Оваа интервенција ќе им овозможи на луѓето да добијат поконкурентни цени, подобри услуги и поголем избор. Ние сме единствената агенција за конкуренција на глобално ниво што го постигна ова“, додаде таа.

Можеби ќе ве интересира...

САД го ограничија извозот на чипови

BiznisPRO

За прв пат по две години: Платите растат во Германија

BiznisPRO

Воведуваат десетгодишни визи: Ова е услов

BiznisPRO