Добри вести од светските берзи: Цените на храната паѓаат, житото и месото најевтини во последните 3 години

Глобалните цени на храната во јануари се на најниско ниво од февруари 2021 година поради месечното намалување на цените на житариците и месото, што повеќе од неутрализираше растот на цените на шеќерот, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во исто време, цените на растителните масла и млечните производи претежно стагнираат, наведува истиот извор, пишува Блиц.

Светскиот индекс на цените на храната за јануари падна на 118 поени од декемвриските 119,2 поени, со што продолжи падот на светските цени на храната, кој започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Вредноста на овој индекс е 10,4 отсто или за 13,7 поени пониска во однос на јануари 2023 година.

Цените на житата паднаа за 2,2 отсто на 120,1 поен месечно поради големата понуда и значителната конкуренција меѓу извозниците, а месото за 1,4 отсто на 109,8 поени поради послабата глобална побарувачка.

Врнежите во Бразил може да влијаат на жетвата на шеќерна трска во април, што предизвика загриженост кај некои трговци и индексот на цените на шеќерот се зголеми за 0,8 отсто на 135,3 поени.

Индексот што ги следи промените на цените на растителните масла се зголеми за маргинални 0,1 отсто месечно на 122,5 поени, а показателот за цените на млечните производи е 118,9 поени, исто како и во декември.

Можеби ќе ве интересира...

За Германците, цените не пораснале толку многу од 1949 година: Поскапување од 132,2 отсто за 12 месеци

BiznisPRO

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

BiznisPRO

ЕВН Хоме ќе мора да купува вишок електрична енергија од домаќинствата и индустријата

BiznisPRO