Дојче банк објави дека ќе укине 3.500 работни места

Франкфуртската Дојче банк денеска објави дека планира да укине 3.500 работни места, главно на административни позиции, како дел од програмата за оперативна ефикасност од 2,5 милијарди евра.

Во исто време, германската банка објави дека забележала нето добивка од 1,6 милијарди евра во четвртиот квартал од 2023 година, што е двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 785,61 милиони евра.

Заработката на Дојче банк сепак е за 30 отсто помала во споредба со истиот квартал од 2022 година. Нето приходот на банката за четвртиот квартал е 6,7 милијарди евра, пет отсто повеќе отколку во четвртиот квартал од 2022 година.

Дојче банк најави и дополнителен откуп на акции во вредност од 675 милиони евра, кој треба да биде завршен во првата половина на 2024 година.

Можеби ќе ве интересира...

ГЕРМАНСКИ ПРАВИЛА: Ако го направите ова во стан може да добиете казна до 5.000 евра

BiznisPRO

Се губат милијарда евра неделно: Економијата на Австрија за време на локдаунот

BiznisPRO

Колку образованието ви помага да се збогатите: Еве што дипломирале 10-те најбогати милијардери

BiznisPRO