Државата дели ваучери за клима уред – За само 24 часа над 2.000 апликации

Над 2000 граѓани досега лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред.

Интересно е што има и многу апликации кои пристигнале по пошта.

Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди.

За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава.

За оваа мерка согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година кои ги донесе Владата предвидени се 4,1 милиони евра за над 7.000 ваучери за инвертер клима уреди.

За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија.

Сите услови може да ги прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Парното поскапува за 4.5%

BiznisPRO

Утре истекува тендерот на ЕВН Хоум за електрична енергија

BiznisPRO