ЕУ го казни Apple со 500 милиони евра

Европската унија е подготвена да го казни Apple со околу 500 милиони долари за наводно прекршување на законот за конкуренција.

Одлуката за казнување се очекува да биде објавена на почетокот на март.

Минатата година, Европската комисија го обвини Apple дека ја нарушува конкуренцијата на пазарот за стриминг музика преку услугата App Store, спречувајќи ги корисниците да дознаат за други опции за купување, пренесува Reuters, повикувајќи се на Financial Times.

Истрагата беше покрената откако платформата Spotify поднесе жалба до европските регулатори во 2019 година за да се утврди дали Apple ги блокираше апликациите да ги известуваат корисниците на iPhone за поевтини услуги за пристап до музички претплати надвор од App Store.

Според изворите, Брисел го обвинува Apple за злоупотреба на својата позиција и наметнување антиконкурентни трговски практики на ривалите, посочувајќи дека условите на американскиот технолошки гигант се „нефер услови на трговија“.

Apple никогаш претходно не бил казнет поради кршење на антимонополските правила на ЕУ, но компанијата беше казнета со 1,1 милијарда евра во Франција во 2020 година за антиконкурентно однесување. По жалбата, казната е намалена на 372 милиони евра.

Европската унија и Apple одбија да ги коментираат медиумските извештаи во врска со казната подготвена од ЕУ.

Можеби ќе ве интересира...

Ноемвриската плата не стигнала кај 20.000 работници од Македонија

BiznisPRO

Ги заоструваат правилата: Јапонците им отежнуваат на Русите

BiznisPRO

Заедно имаат 1,44 трилиони долари: Ова се 10-те најбогати ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ

BiznisPRO