Ги заоструваат правилата: Јапонците им отежнуваат на Русите

Јапонското Министерство за финансии, со поддршка на земјите од Г7, има намера од 20 февруари да ги заостри мерките за горната граница на цената на руската нафта.

Оваа одлука на Токио ја поддржаа земјите од Европската унија, но и Австралија.

Во моментов осигурителните компании и превозниците треба да добијат гаранција дека цената на руската нафта нема да ја надмине фиксната граница од 60 долари за барел. Ова осигурување важи за целото времетраење на договорот за осигурување или превоз. Јапонското Министерство за финансии предложи да се заострат правилата со барање да се обезбеди таков документ за секој договор, пренесува Комерсант, повикувајќи се на Никеи.

Во декември 2022 година, земјите од Г7, Европската унија и Австралија се договорија за ценовниот праг под кој меѓународните компании може да транспортираат или осигуруваат руска нафта само по цени под 60 долари за барел. Од 5 февруари минатата година постои горна граница на цените на нафтените деривати од Русија од 100 долари и 45 долари за барел.

Во декември минатата година, САД и другите земји од Г7 ја зајакнаа контролата на плафонот на цената на нафтата Урал, откако попустите за руската марка го достигнаа најниското ниво во последните две години. Конкретно, американското Министерство за финансии воведе санкции против танкери кои превезуваат руска нафта.

Ембаргото на западните земји за увоз на руска нафта и ограничувањето на нејзината цена ја принудија Русија да ја употреби таканаречената „флота духови“ за да ги заобиколи санкциите. Некои бродски компании и трговци продолжуваат да продаваат санкционирана нафта на оние што сакаат да ја купат. Русија наводно ги користи искуствата на Иран и Венецуела за да постигне профитабилна трговија со нафта „под радарот“.

Можеби ќе ве интересира...

А1 ја објави својата новогодишна понуда

BiznisPRO

Вол Стрит Журнал: Виса и Матеркард ги зголемуваат надоместоците за плаќање со картица

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Поскапуваат горивата – бензинот симболично, дизелот повеќе!

BiznisPRO