Европските и американските индекси во пад по одлуката на ФЕД

Европските и американските берзански индекси во најголем дел се во пад по одлуката на американската централна банка ФЕД да ги задржи каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто.

На берзите е забележан и раст на доларот во однос на еврото и пад на цената на нафтата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 16.839,02 поени, францускиот CAC 40 на 7.599,86 поени, лондонскиот FTSE 100 на 7.628,76 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.232,8 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.150,30 поени, индексот S&P 500 на 4.845,65 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.164,01 поен пред отворањето на берзата денеска.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 75.491 долар, а на нафтата од типот брент на 80.170 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29.955 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.039,70 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,9135 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07812, што е за 0,32 отсто помалку од вчера.

Можеби ќе ве интересира...

Францускиот козметички гигант се враќа во Русија

BiznisPRO

Федералните резерви на САД повторно ја зголемија референтната каматна стапка

BiznisPRO

REHAU ги претстави прозорците на иднината: Поглед кон поубав, посигурен и одржлив свет

BiznisPRO