ГАЗДИТЕ ДОБИВААТ ОСЛОБОДУВАЊЕ ДА ВИ ГИ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ И ДО 10.000 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ: Минималната плата расте на 22.500 денари, а државата нуди и ослободувања за фирмите кои ќе им ги покачат платите на македонските работници!

Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари.

Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во 2012 година, кога беше донесен Закон за минимална плата, таа изнесуваше 8.050 денари, што значи дека за 14 години, односно до март 2024 година, растот би бил 14.450 денари.

Платите на работниците ќе може да бидат покачени и до 10.000 денари месечно повеќе, а за разликата во придонесите работодавците ќе бидат ослободени

Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усогласи на неодамна, соопштено е дека ќе се субвенционира приватниот сектор, со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари.

За разлика од претходното законско решение, со кое имаше можност за зголемување на платите во приватниот сектор од 600 до 6.000 денари,  новата мерка има неколку ограничувања, но со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање придонеси.

Според власттите оваа мерка директно ќе влијае врз намалувањето на неформалната економија и како што рече, дел е од активностите од стратегијата на неформална економија.

Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработени кои имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период.

Со ова работодавците можат на македонските работници да им ја покачат платата и до десет илјади денари, а за разликата во придонесите да бидат ослободени.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска – Аранитаси: Народната банка посветена на макроекономската стабилност, ЕБОР ќе продолжи со поддршката на македонската економија

BiznisPRO

Бектеши: Со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор веднаш почнуваме со мерки за стопанството и домаќинствата за излез од енергетската криза

BiznisPRO

Ова се најскапите градови за живеење во Германија

BiznisPRO