Ова се најскапите градови за живеење во Германија

Трошоците за живот во Германија варираат, понекогаш драстично, според регионите, покажа едно истражување.

Минхен е најскап, додека на другиот крај на скалата се местата на истокот од земјата.

Живеењето во Минхен е за 38 отсто поскапо отколку во Фогтланд, источниот регион, покажува индексот на Германскиот економски институт (IW) и Федералниот институт за градежништво, урбанизам и просторен развој (ББСР).

Сепак, трошоците за домување се пресудни и ако не се пресметаат, разликата е само шест отсто и најскап е Штутгарт, а најевтин Лер, на крајниот северозапад од Германија.

Со трошоците за домување, градот Минхен е за 25,1 отсто поголем од германскиот просек. Следува округот Минхен со 16,7 отсто над просекот, потоа Франкфурт (15,9 отсто) и Штутгарт (14,8 отсто).

Фогтланд е за 9,5 отсто поевтин од просекот, а Герлиц, најисточниот германски град, за 9,4 отсто. Во таа група се и градот Пирмазен во западната провинција Рајнска област-Пфалц и источната област Салцландкрајс, 9,3 отсто под просекот.

Посебно скапи се градските региони и областите околу нив, како и населбите на падините на Алпите или во близина на езерото Констанца.

Истокот, со исклучок на Берлин и неговата околина, обично е многу поевтин.

Под националниот просек се и некои централни региони и северозападна Германија, како и делот западно од Франкфурт и крајниот север и исток од Баварија.

Можеби ќе ве интересира...

Се очекува дека цената на нафтата на краток рок ќе достигне 100 долари за барел

BiznisPRO

Грција ја укина туристичката такса и воведе нова такса што ќе треба да ја плаќаат сите туристи: Што се менува од годинава

BiznisPRO

Златото ја достигна магичната граница

BiznisPRO