Златото ја достигна магичната граница

Цената на златото достигна 2.000 долари за унца, бидејќи инвеститорите се свртеа кон металот, кој се смета за безбедно засолниште за капиталот во време на криза.

Ова се случи како резултат на подготовките и најавите за копнена инвазија на Израел во Појасот Газа.

Златото поскапе за 0,87 отсто во 2:11 часот по полноќ по ET и се тргува за 2.002,03 долари за унца.

Една минута подоцна, среброто поскапе за 0,71 отсто на 22,98 долари за унца.

Од друга страна, цената на платината беше намалена за 0,2 отсто во 08:13 часот по ET и се тргуваше за 903,62 долари за унца.

Паладиумот поевтини за 2,04 отсто во 8:14 часот по ET на 1.092,71 долари за унца.

Можеби ќе ве интересира...

Скенирате ли фискални? – Најавено зголемување на прагот на повратот на ДДВ

BiznisPRO

Норвежаните го решија проблемот: Гасот во Европа не беше толку евтин со години

BiznisPRO

Пензионерите не само што ќе добијат покачени пензии, туку ќе им следува и дополнителен финансиски пакет

BiznisPRO