ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЌОР СОКАК! Отпуштања фрчат во гиганти, а потребата од работници се зголемува, што се случува?

Многу германски гиганти отпуштија илјадници работници.

Поради поскапувањето на енергенсите, многу германски компании се соочуваат со намалување на бројот на работни места. Софтверската компанија SAP има намера да укине 8.000 работни места ширум светот, Континентал 7.150, Бош 1.200. И ZF Friedrichshafen и Volkswagen најавија дека повеќе нема да им требаат толку многу вработени.

Исто така, веќе започнаа отпуштања во градежната индустрија. И во банките се затвораат експозитури и се отпуштаат вработени. Новиот шеф на Баер, Бил Андерсон, ја најави новата структура на фармацевтскиот гигант и јасно стави до знаење дека ќе има помалку вработени. Списокот на големи, но и средни и семејни бизниси кои планираат да го намалат бројот на вработувања е многу долг.

Образложението е секогаш слично: „Општата рамка на бизнисот се промени“. Фирмите и цели индустрии мора да се променат ако сакаат да останат конкурентни. Од една страна се трошоците за енергија, кои во Германија се сè поскапи, а тука е и политиката која повикува на климатско неутрално производство. Потоа, тука е дигитализацијата, која го менува целиот производствен процес, според кој мора да се промени и организациската структура. Сето тоа значи дека некои производни процеси ја изгубиле економската пресметка, па концерните одделуваат цели сегменти, ги продаваат или самостојно ги испраќаат на берзата. Во исто време, има се повеќе соработка во оваа огромна транзиција, бидејќи обидот да се направи нешто самостојно е прескап дури и за најголемите.

Сето ова бара различна стручност, способности и технолошка подготовка на вработените. „Нашиот свет на работа станува побрз и покомплексен“, вели Јута Рамп од Институтот за вработување и светот на работа во Лудвигсхафен. „Промената е нормална состојба и треба да најдеме одговор на тоа.

Меѓутоа, проблемот е што не постои единствен одговор за надминување на целата низа предизвици. Енцо Вебер од Институтот за труд и професионално истражување при Германската агенција за вработување во Нирнберг го релативизира овој тренд: „Последниве години имаше нешто повеќе отпуштања, но долгорочно квотата е сè уште ниска, што не беше за Одамна. Она што сега се известува на прво место се промени во големите, глобални концерни. Затоа што промените во малите започнаа многу одамна, а за нив не се пишува многу“.

Можеби ќе ве интересира...

Австрија достигна нов рекорд: Највисоко ниво на инфлација од 1981 година

BiznisPRO

Уште една земја во Европа нема да купува гас од Русија: Не сакаме да ја храниме воената машина

BiznisPRO

Добра вест: Поевтинува дизелот, ова се новите цени на горивата

BiznisPRO