Германците во неволја: Семејните бизниси немаат наследници

Практично половина од семејните бизниси во Германија се соочуваат со промена на генерациите, објави во понеделник економскиот институт Ifo, повикувајќи се на сопствено истражување.

Имено, во 50 отсто од компаниите во сопственост на едно семејство и со повеќе од 250 вработени, сопствениците имаат намера во следните три години да го препуштат управувањето со бизнисот на помлади луѓе, изјави Анет фон Малцан од Ифо.

Меѓутоа, во исто време, 42 отсто од тие бизниси немаат наследници што треба да ги преземат.

„Само една од три од тие компании може да ги пополни органите на управување со членови на семејството“, рече Фон Малцанова.

Речиси половина од семејните бизниси ги води втората или третата генерација, а секој дваесетти е формиран пред 1900 година. Во последно време, предавањето на управувањето е сè потешко во семејството.

Во секоја од следните две години се очекува да се предаде сопственоста на околу 36.000 семејни бизниси, но професионалната кариера на помладите сега почесто се обликува од лични интереси, па тие ја развиваат надвор од домот, вели економистот Рајнер Кирхдорфер.

Кирхдерфер, директор на Фондацијата за семеен бизнис, се пожали на лошата рамка – „бирократијата, цената на енергијата, недостатокот на квалификувана работна сила и даночните оптоварувања“ – што ја обесхрабрува помладата генерација да го преземе семејното претприемништво.

Можеби ќе ве интересира...

Нова ера за биткоинот: Пристигна клучната одлука на Комисијата за хартии од вредност на САД

BiznisPRO

Се зголемува бројот на банкроти во Германија: Дури 22 отсто повеќе банкроти отколку во истиот месец лани

BiznisPRO

Полноќен мејл на Илон Маск до вработените: Секој што нема да кликне на линкот добива отказ

BiznisPRO