Ги надмина очекувањата на Волстрит: „Џенерал моторс“ во четвртиот квартал од 2023 година приход од 42,98 милијарди долари

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ (ГМ) објави дека во четвртиот квартал од 2023 година остварил приход од 42,98 милијарди долари, со што ги надмина очекувањата на Волстрит, кој предвидуваше помал приход од 38,67 милијарди долари.

Прилагодената заработка по акција на General Motors е 1,24 долари, додека аналитичарите на LSEG (Refinitiv) очекуваа 1,16 долари, известува (CNBC). Џенерал Моторс објави нето приход на акционерите од 2,1 милијарди долари во четвртиот квартал од 2023 година.

Приходите на „Џенерал моторс“ за целата 2023 година се зголемени за околу 10 отсто на годишно ниво на 171,84 милијарди долари, а компанијата очекува добри резултати и во тековната година.

Можеби ќе ве интересира...

Пазарот на трудот се менува: Еве кои се најбараните работни места во Германија

BiznisPRO

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

BiznisPRO

ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Луѓето имаат најмногу пари во оваа земја, а таму живеат дури 1,1 милион милионери

BiznisPRO